Охрид триумфираше во Бутел, и ги освои планираните бодови во плејофот, победувајќи со 28-22 (11-10) но дури во второто полувреме го „скрши“ отпорот на домашните. Се понадеваа скопјани дека можеби ќе „скинат скалп“ на голем фаворит, но охриѓани не дозволија, и во второто полувреме „додадоа гас“.
Привремено Охрид ќе има 39 бода, само еден помалку од Еурофарм Пелистер, и три помалку од Вардар кој треба да гостува во Автокоманда.
Поведоа охриѓани со 8-5 во 18 минута и тоа беше знак дека се решава натпреварот, но за пет минути резултатот се „сврте“ и Бутел имаше предност од 9-8. До крајот на полувремето домашните пак израмнија, а во 29 минута Стрмњан погоди за предност 11-10, а домашните имаа дванапади за реми, но остана само гол предност.

За да нема проблеми, домашните заиграа поангажиранои од 32 до 39 минута направија серија од 6-2 со која Охрид поведе 17-13. Потоа разликата се задржа и се зголеми до највисоките „плус 9“ на средбата.

























