Бутел ја оправда фаворитската улога и со двата бода од трумфот на Радовиш, 36-20 (16-11) сега скопјани фаќаат приклучок за место кое носи во разигрувањето за титулата. Радовиш пак останува закован за дното без бодови, и ќе има тешка задача повторно да остане меѓу елитата.
Сега Бутел на табелата има 13 бода, еден повеќе од Еурофарм 2 и еден помалку од Тиквеш. Тие три екипи се кандидати за две слободни места за Топ-6, односно за тимовите кои ќе разигруваат за титулата.
До 16. минута Радовиш се држеше, имаше реми, 7-7 по што следуваа две серии на домаќините. Прво Бутел поведе со 10-7, а потоа и со 16-10 во 27 минута. Тоа беше период кога се „кршеше резултатот“ а Бутел најави дека нема да дозволи никаква драма.
Во продолжението за девет минути домаќините веќе имаа предност од „плус 10“ за водство 22-12. На средина од полувремето таа предност се зголеми на „плус 12“, а до крајот и највисоките „плус 16“ за краен резултат 36-20.
Во домашниот тим Димитар Узунчев даде 11 гола, а пет постигна Јапонецот Козаки. Ка јгостите Васе Петров постигна 4 гола, исто колку и Славе Јанковски.

























