Будуќност кажа НЕ за регионалната лига – барем за следната сезона!

Будуќност нема да игра во било какво регионално натпреварување во сезоната 2026/27, иако клубот јавно ја поддржува идејата за создавање посилна регионална конкуренција во женскиот ракомет. Од Подгорица порачуваат дека одлуката е донесена по детална анализа, пред се поради тоа што натпреварувачката и финансиската рамка се уште не се доволно прецизно дефинирани, како и поради обврските што клубот ги очекуваат на стартот од новата сезона во Лигата на шампионите.

ЖРК Будуќност во официјалното соопштение наведува дека останува отворен за идно приклучување кон проектот, но само доколку регионалната лига биде дополнително прецизирана и поставена на стабилни и одржливи основи. Од клубот сметаат дека ваквото натпреварување може да донесе значајна вредност за сите учесници, но потенцираат дека во овој момент не се исполнети условите за нивно вклучување уште од следната сезона.

Во соопштението дополнително се нагласува дека за развојот на женскиот ракомет во Црна Гора е клучно јакнењето на клубовите и ракометните центри во повеќе средини низ државата. Будуќност порачува дека и во иднина ќе биде подготвена да помогне во развојот, и на играчки и на стручен план, во рамки на своите можности.

Одлуката на Будуќност доаѓа само неколку недели откако ракометните федерации на Србија, Македонија и Црна Гора одржаа заеднички состанок на кој беше разговарано за формирање регионални лиги во машка и женска конкуренција. Според тогашните најави, заедничките лиги требаше да стартуваат од септември, а конечниот формат да биде утврден на следен состанок во април во Скопје, со вклучување и на претставници на клубовите во процесот на одлучување.

Токму тоа што клучните елементи на системот се уште не биле конечно усогласени, според клубот од Подгорица, е една од главните причини поради која Будуќност реши да не влезе во проектот уште во неговата прва сезона. Иако засега се повлекува, црногорскиот шампион јасно остава простор во иднина да стане дел од регионалната лига, доколку натпреварувањето добие поцврста организациска и финансиска структура.

[insert page='euro2020-tekst' display='content' public]
[insert page='proba-2' display='content' public]
[insert page='24video-tekst' display='content' public]
[insert page='foto-tekst' display='content' public]