Португалскиот првак Спортинг Лисабон е следниот гостин во Битола кај Еурофарм Пелистер во рамките на Лигата на шампионите.
Спортинг доаѓа во победничка атмосфера, откако во последниот натпревар од португалскиот шампион славеше на гостин кај Брага со 35-23. Победата беше обезбедна уште по првиот дел, кога избраниците на Рикардо Кошта водеа со 20-10, а вториот дел беше само формално одработен.
Тренерот на Спортинг не ги штедеше своите синови, па така левиот бек Мартим Кошта имаше три гола, а Франциско постигна десет погодоци, додека Салвадор Салвадор даде четири погодоци.
Сега тимот од Лисабон има седум победи на седум натпревари – а сите победи му се со двоцифрена разлика! Најнискиот триумф е со 11 гола, додека на сите други натпревари беше повисока.
Просечно нападот на Спортинг постигнува по 39 гола на седумте натпревари досега во португалскиот шампионат, додека прима по 23, или просечно победува со 16 голови разлика.
Во Лигата на шампионите, португалскиот првак победи три пати – на гости кај Фредериција, а дома против полската Висла Плоцк и унгарскиот гигант Веспрем, па јасно е дека в среда, македонскиот шампион Еурофарм Пелистер го очекува тешка задача.