Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварите од второто коло од ЕХФ Европскиот Куп.
Македонските арбитри Методија и Михајло Илиевски добија делегирање за реванш средба во Косово.
Таму домаќинот Шќипоња ќе го пречека швајцарскиот состав Винтертур, откако претходно овие две екипи ќе играат во Шафхаузен.
Реваншот меѓу Шќипоња и Винтертур е закажан за 4 октомври во салата „Шани Нуши“ од 18:00 часот во Ѓаковица.