Божиновски и Начевски со нова шампионска задача

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за последното коло од Лигата на шампионите во женска конкуренција.

По дебито неодамна, македонскиот двоец Даниело Божиновски и Виктор Начевски доби уште една шампионска задача.

Тие двајцата се во Норвешка, каде што ќе го судат мечот меѓу домашниот тим Сторхамар и романската Глорија Бистрица.

Овој натпревар ќе се игра в недела, на 22 февруари со почеток од 14:00 часот во „ОБОС Арената“ во Хамар.