Босна и Херцеговина славеше со убедливи 34-21 против селекцијата на Косово во првиот меч од вториот бараж за СП 2027 и може веќе да ги прави плановите за двомеч со Фарски Острови.
Избраниците на Дамир Доборац иако водеа само со два гола по првиот дел, 15-13, во вториот дел комплетно го надиграа ривалот и реваншот ќе биде само формалност.
Најдобри стрелци беа Мислав Гргиќ со осум и Лука Периќ со шест погодоци, а исто толку за Косово даде Дренит Тахирукај. На босанскиот гол импресивен беше Зоран Радиќ со 11 одбрани и 50% успешност на одбранети удари.
Полска за која играа тројца ракометари од македонската Супер лига (Милош Валах – една одбрани, Анжеј Видомски – два гола, Виктор Јанковски – едно исклучување), славеше на гости кај Летонија со 33-24.
Избраниците на Хота Гонзалез не дозволија изненадување против подмладената Летонија, а најдобри стрелци кај победникот беа Чаплински со десет, како и Једрашчук, односно повратникот Шипжак со по пет погодоци.

























