Ракометниот сојуз на БиХ по многу размислувања денеска го одбра новиот селектор на машката сениорска репрезентација.
На местото на Ирфан Смајлагиќ доаѓа актуелниот тренер на Грачаница и екс репрезентативец на БиХ, Дамир Доборац, кој има 43 години.
Новиот селектор во босанската репрезентација ја имаше функцијата помошен тренер и му беше десна рака на Смајлагиќ, па сосема очекувано беше дека ќе ја добие довербата.
БиХ за ривал во бараж двомечот за пласман на Светското првенство 2025 ја има репрезентацијата на Португалија.
Доборац ќе треба да направи добра стратегија за краток временски период, бидејќи дутелите со Португалија ќе бидат во месец мај.