Борзаш: Покажавме дека кој и да дојде во Битола не е сигурен дека ќе победи (ВИДЕО)

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер во натпревар од третото коло од Лигата на шампионите беше поразен од германскиот првак Кил со 23:20. Пелистерци рамо до рамо се носеа со тимот на Филип Јиха и до 55-та минута беа во игра за реми. Левиот бек Урош Борзаш за 24Ракомет ТВ ги сподели своите импресии по одличната игра со „зебрите“ и истакна дека за поволен резултат против бундеслигашот требало да бидат повеќе пофокусирани во последните минути. Целосната изјава на Борзаш погледнете ја во видео прилогот....