ФОТО: di Michele Longo - FIGH

Боб Ханинг избра – Италијанците на ЕП со браќата Мењон, Прантнер, Ебнер…

Селекторот на машката репрезентација на Италија, Боб Ханинг, го објави списокот на ракометари на кои ќе смета за Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.

На списокот се најде и Лео Прантнер од Фуксе Берлин, најдобриот стрелец на Италија на минатиот Мундијал.

Тука се голманите од Лајпциг и Гранољерс, Ебнер и Панити, на линијата ќе бидат искусниот Парисини од францускиот Лимож, но и младите Ромеи и Сонтачи, кои исто така играат во странство.

Во бековската линија се браќата Мењон, искусниот Булзамини, потоа Манојловиќ…па нема сомнеж дека Италија ќе биде тврд орев за сите ривали.

Италија пред ЕП ќе тестира против Романија на 6 јануари, а потоа на 9 и 11 јануари ќе одигра две пријателски средби со Фарски Острови.

Италијанците на континенталниот собир се во група со Унгарија, Исланд и Полска.