Селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски, го објавува списокот на повикани ракометарки од домашно првенство за претстојната ЕХФ недела пред СП.
Бидејќи Македонија нема да учествува на Мундијалот, планирано е да е одигра два контролни пријателски натпревари кои ќе бидат од затворен тип со репрезентацијата на Велика Британија.
Репрезентацијата на Македонија ќе биде од комбиниран состав, составен од ракометарки кои настапуваат во единственото женско сениорско натпреварување.
На списокот, кој е составен од 22 ракометарки, има играчи од Ѓорче Петров, Куманово, Вардар, Чаир и Металург Автокоманда.