Берлин со гол во последната секунда го совлада Веспрем – за четвртфинале ќе чека услуга од Висла Плоцк

Екипата на Фуксе Берлин, со гостинската победа во Унгарија над Веспрем во последното коло од групната фаза на ЛШ од 33:32, освои два важни бода во битката за директен пласман во четвртфиналето.

Голот за победа на Фуксе Берлин го постигна младиот Тим Фрајхофер, кој во последната секунди реализираше од чиста позиција за голема радост на клупата на ,,лисиците”.

Веспрем завршува како лидер во групата А со 24 бода, додека бундеслигашот ја презеде втората позиција со 18 бода, еден повеќе од Спортинг Лисабон и два повеќе од ПСЖ, кои вечерва ќе играат против Висла Плоцк, односно Еурофарм Пелистер.

Како што е познато, најдобрите две екипи од групите А и Б обезбедуваат директен пласман во ТОП 8, па така ПСЖ со било каква победа над Еурофарм Пелистер нема никакви шанси за второто место во групата и ќе мора да игра осминафинале.

Данската Фредериција, која уште од раната фаза на натпреварувањето беше без шанси за пласман во осминафиналето, загуби на свој терен од Динамо Букурешт со 37:32.

Домаќините парираа во првиот дел и имаа свои моменти, но гостите од Букурешт со одличната игра во вториот дел дојдоа до шестиот сезонски триумф.

Романскиот шампион во победата беше предводен од Бранко Вујовиќ со пет погодоци, на спротивната страна се издвои Андерс Мартинусен се издвои со шест погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ВЕСПРЕМ14120224
2ФУКСЕ БЕРЛИН1490518
3ПСЖ ХЕНДБОЛ1490518
4СПОРТИНГ1482418
5ДИНАМО БУКУРЕШТ1460812
6ВИСЛА ПЛОЦК1451811
7ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР143298
8ХК ФРЕДЕРИЦИЈА1411123

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 14. КОЛО, РЕЗУЛТАТИ:
ФРЕДЕРИЦИЈА – ДИНАМО 32-37
ВЕСПРЕМ – ФУКСЕ 32-33
20:45 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ПСЖ 
20:45 ВИСЛА – СПОРТИНГ 

Алборг освои голем бод против Нант и директно патува во четвртфиналето

 

Келце „за влакно“ се спаси од испаѓање од Лигата на шампионите

 

Kомбинации во ЛШ – возбудувања на сите терени, кој оди во четвртфинале, кој во ТОП 12?