Каталонскиот гигант Барселона останува без Французинот Дика Мем во 2027 година, а веќе е почната потрагата по негова замена.
Прв на листата можни наследници е Франциско Кошта од Спортинг Лисабон, но Барса веќе има и план Б и план Ц, пишува шпанскиот „Спорт“.
Меѓу евентуалните наследници на Мем се данскиот репрезентативец Мадс Хоксер од Алборг, но и младиот Шпанец од Гранољерс, Маркос Фис.
Најтешко ќе биде да се реализира опцијата со Кошта, бидејќи тој има договор со Спортинг до 2030, па Барса ќе треба да плати соодветна оштета.


























