Тимот на Атлетик ја продолжува победничката серија во Првата женска лига и оствари важна победа на гостувањето кај второпласираниот тим.
Избраничките на Татјана Хмирова славеа на гостински терен во Свети Николе кај Овче Поле СУ со убедливи 28-18.
Беше 6-0, па 9-2 за Атлетик и немаше дилеми во ниту еден момент околу победникот на овој натпревар, кој наликуваше на сите други на лидерот на табелата.
Битолската врска функционираше на овој меч, па Анастасија Дамјановска и Моника Босилковска беа најдобри со по седум гол кај Атлетик, додека Елена Вучевска даде шест гола за домаќинките.
Атлетик и натаму е на врвот со 24 бода, додека Ѓорче Петров 2 и Овче Поле СУ се на делбата на второто место со 16 бода.






















