Аморим: Цела недела беше позитивна, ќе продолжиме да работиме

Женската сениорска репрезентација на Македонија двапати триумфираше убедливо против Велика Британија.

Македонија, која на контролите против Велика Британија славеше со 36:17 и 34:19, настапи со играчи само од домашниот шампионат.

Едуарда Аморим и Ања Алтхаус во отсуство на селекторот Кристијан Грчевски ги проверуваа квалитетите на ракометарките од нашето првенство.

Аморим истакна дека е задоволна од залагањето на ракометарките и очекува сите да продолжат во истиот ритам.

,,Девојките беа супер, беа фокусирани во одбраната, завршија добро работа, посебно во првото полувреме, во кое примивме само 5-6 гола, во нападот можеше подобро, на моменти недостасуваше дисциплина, но севокупно, цела недела беше многу позитивна и ќе продолжиме да работиме”, изјави Аморим.

Овие две средби се дел од подготовките за продолжението на квалификациите за ЕП 2024, кои продолжуваат во март 2024 со двомеч со Шпанија.

Македонија како на тренинг ја доби и втората контролка против Велика Британија