Охрид успеа да се врати од негативата од шест голови што ја имаше на дуелот со Тиквеш, па дури и да израмни, но бодовите останаа во Кавадарци. Во дербито на колото во А групата, Тиквеш со 32-30 го победи Охрид, и сега на табелата кавадарчани имаат максимални 15 бода од пет натпревари. Охрид ќе треба да се „вади“ на следните мечеви за да остане во трка за висок пласман на табелата.
„ Вистински машки меч, Тиквеш беше подобар, поагресвни на терен, имаа моменти во кои направија разлика, а ние немавме решение за десниот бек Ани Обина. Сепак успевме да се вратиме, и направивме некои грешки, а некои работи требаше да се испочитуваат. Се договаравме на удвојуваме, ако треба да играме „2 на 1“ или „3 на 2“. Но, едно е на тренинг да се воигрува, друго на натпревар да се примени, смета Стефче Алушовски, тренерот на Охрид.
Стигна Охрид до 29-29, и кога требаше да се „стисне“ за пресврт домаќините погодија. Прво Никола Стефановиќ, а потоа и Мирко Мајиќ Токму голот на Црногорецот беше клучен за крајниот исход бидејќи тогаш Тиквеш поведе со 31-29.
„Клучен момент е голот на Мајиќ. Знаевме дека тука ќе проиграат. Тоа е составен дел на спорот, ако нема грешки мечот ќе заврши 0-0. Имавме договор како да играме на средбата, но во мал дел од мечот нешто испочитувавме. Во напад скоро ништо, во одбрана во второто полуврмее бевме на ниво. На денешниот меч тоа не беше доволно барем реми да извлечеме. Почеток на првенството, ќе ни треба малку повеќе време, и за мене и за играчите, да почнат да сфаќаат што се бара. Жалам што не успевме да имаме подобра резултат, смета Алушовски.
Тренерот на охриѓани смета дека тимот има потенцијал, но треба време и трпение.
„Почеток на сезона е. Имаме млад тим, имаме потенцијал. Треба да бидеме трпеливи, и јас и управата, градот и навивачите. Резултатите ќе дојдат. Можеби ни треба уште едне пикер, но долго е првенствот, многу нови навики треба да се стекнат, а старите да се заборават. Се надевам на најдобро во иднина, заврши Алушовски.
Тиквеш сезонава е перфектен – петти триумф по ред со заслужена победа над Охрид
Матлиески: Охрид е квалитетен тим, но вечерва на теренот постоеше само Тиквеш