Алборг освои голен бод против Нант и директно патува во четвртфиналето

Данскиот шампион Алборг освои голем бод во натпреварот против Нант и го обезбеди второто место во групата Б од Лигата на шампионите.

Двете екипи вториот меѓусебен сезонски дуел го имаа токму во последното коло од групната фаза и вечерашниот натпревар одлучуваше кој тим ќе патува директно во четвртфиналето.

Иако Нант имаше предност од плус четири, 24:20, сепак, гостите играа до крај и се изборија за реми, 29:29, па така данскиот тим заедно со Барселона од групата Б патуваат во четвртфиналето.

Најефикасни кај Алборг беа Себастијан Бартхолд, Алекс Влах и Кристијан Бјорнсен сите тројца постигнаа по пет погодоци. На спротивната страна, листата на стрелци беше предводена од Валеро Ривера и Бриет со по шест погодоци.

Нант, Магдебуг, ПИК Сегед и Келце од групата Б одат во осминафиналето во најквалитетното европско натпреварување, а Колстад и Загреб го завршија европскиот настап.

 

ПозЕкипаНПРЛБ.
1БАРСА14102222
2АЛБОРГ1482418
3НАНТ1473417
4МАГДЕБУРГ1461713
5ПИК СЕГЕД1461713
6КЕЛЦЕ1451811
7КОЛСТАД1451811
8ППД ЗАГРЕБ1431107

 

Келце „за влакно“ се спаси од испаѓање од Лигата на шампионите