Активни младинците и кадетите – 13 натпревари во следните пет дена

Претстојните неколку дена се игра 12 коло од машката младинска лига, од кое веќе се одигра еден натпревар.

Шампионот Голден Арт на домашен терен ќе игра против Овче Поле, а лидерот Мулти Есенс гостува кај Еурофарм Пелистер 2.

Бутел Скопје ќе го пречека Младост Богданци, Вардар ќе бара бодови против Тиквеш, додека Еурофарм Пелистер оди на мегдан на Пролет.

Младинци, 12. коло:

19/12, 20:00, Голден Арт – Овче Поле
17/12, 11:00, Еурофарм Пелистер 2 – Мулти Есенс
Охрид – Алкалоид 26-29
18/12, 19:30, Бутел Скопје – Младост Богданци
20/21/12, Вардар – Тиквеш
20/12, 18:00, Пролет – Еурофарм Пелистер
Прилеп слоб.

Кај кадетите се игра 7. коло од групите А и Б, и 8. коло од група В, по што ќе биде комплетиран есенскиот дел.

Во група А, Прилеп славеше на гостувањето кај Скопје со 34-31. Струга е фаворит портив Кузман Вардар, а Охрид ќе му гостува на тимот на Преспа Вардар.

Во група Б, Голден Арт е домаќин на Еурофарм Пелистер 2, додека Мулти Есенс ќе игра против Тиквеш.

Вардар славеше на гостувањето кај Вардар Неготино со убедливи 34-17, додека Младост Богданци ќе бара победа против Партизан Гевгелија.

Во група В, ќе се игра дерби меѓу Куманово и Аеродром, Бисинов на мегдан на градскиот ривал Борец, додека Македонија Ѓорче Петров го чека Бутел Скопје.

Кадети, 7. коло:

Група А
Скопје – Прилеп 31-34
17/12, 11:00, Струга – Кузман Вардар
20/12, 19:00, Преспа Вардар – Охрид
Еурофарм Пелистер слоб.

Група Б
16/12, 15:30, Голден Арт – Еурофарм Пелистер 2
Вардар Неготино – Вардар 17-34
18/12, 20:00, Мулти Есенс – Тиквеш
20/12, 18:00, Младост Богданци – Партизан Гевгелија

Група В, 8. коло
17/12, 15:00, Куманово – Аеродром
18/12, 21:00, Бисинов – Борец
20-21/12, Македонија Ѓорче Петров – Бутел Скопје
Алкалоид слоб.
Астраион слоб.