Ако фаворитите победуваат според планот: Еурофарм Пелистер носи три бода во плеј-оф!

Еурофарм Пелистер со денешната убедлива победа над составот од Автокоманда од 33:20 ја презеде лидерската позиција на табелата.

До крајот од регуларниот дел од сезоната остануваат уште три кола, а доколку Еурофарм Пелистер, Вардар и „сино-белите“поминат според планираното, односно не загубат, тогаш пелистерци ќе бидат во пол-позиција.

Тоа значи дека битолскиот тим ќе пренесе три бода во плеј-оф сегментот, додека неговите два најголеми ривали во разигрувањето за титулата ќе стартуваат со два бода.

Од сите три екипи, најтежок распоред има Вардар, бидејќи ќе игра со незгодните Тиквеш и Охрид, екипи кои можат да им ги расипат сметките на „црвено-црните“. Актуелниот шампион во последните три кола има ривали по мерка, а составот на Лазаров го очекува пресметката со Охрид.

До крајот на регуларниот дел од Супер лигата:
Еурофарм Пелистер – Радовиш (г), Бутел Скопје (д), Прилеп (г)
Вардар – Тиквеш (д), Охрид (г), Струга (д)
Алкалоид – Пролет (д), Куманово (г), Охрид (д)