Ракометарите на Аеродром ја остварија втората сезонска победа во прволигашката конкуренција, откако на свој терен славеа над Јехона со 34:25.
Избраниците на Дарко Петровски до победата дојдоа со одличната игра во второто полувреме, во кое целосно доминираа, а на пауза домаќините имаа плус два, 14:12.
Предводник во победничката екипа беше Андреј Ниновски со седум погодоци, четири запиша Александар Ристовски, три додаде Александар Симоновски.
Во поразениот табор единствено расположен за игра беше Адис Салиу, кој воедно беше најефикасен на натпреварот со десет погодоци.
Партизан со победата над Текстилец од 35:33 (20:14) дојде до 4-та победа во тековната сезона.
Илија Пејковски со 13 погодоци беше прво име во победничката екипа, додека кај гостите се истакна Јован Атанасовски со девет реализации, седум имаше Филип Савев.