Аеродром парираше во првиот дел, на крајот Драчево Јуниор запиша убедлив триумф

Тимот на Драчево Јуниор славеше убедливо во пресметката со Аеродром со 37-29 во натпреварот од 14 коло во Првата машка лига.

Драчево Јуниор сега има 22 бода на третото место на табелата, зад лидерот Младост Богданци кој има 26 бодови. Аеродром остана на петтото место со 14 бодови.

Aеродромци беа на пристојна негатива во најголем дел од првото полувреме, а на паузата домаќините водеа со 17-13.

Во вториот дел комплетно доминираа домашните и немаше многу дилеми околу победникот на овој натпревар.

Кај Драчево Јуниор, Филип Петровски даде осум гола, а Александар Стојменов шест, додека Бојан Божиновски стрелаше 11 пати за Аеродром.