Аџиќ ги избра ракометарките за дуелите со Македонија и Белгија

Селекторот на женската репрезентација на Словенија, Драган Аџиќ, ги избра ракометарките за последните два меча од квалификациите за ЕП 2026 против Белгија и Македонија.

Аџиќ за овие две средби ќе смета на најсилниот состав, освен средниот бек Нина Жулиќ, која има проблеми со коленото и нема да настапи.

Но затоа тука се Тјаша Станко од Ѓер, потоа голманката Маја Војновиќ, пивотот Наташа Љепоја…

Словенките гостуваат кај Белгија утре од 20:10 часот, додека ќе ја пречекаат Македонија во Велење на 12 април од 18:00 часот.