Абутовиќ: Знаевме што се случи на претходните две средби – сега имавме поинаква тактика

Еурофарм Пелистер го одигра најдобриот натпревар сезонава, пред својата публика триумфираше над тимот од Автокоманда со 33:20 и ја презеде лидерската позиција на табелата.

Еден од најискусните во составот на Еурофарм Пелистер, Илија Абутовиќ, ги сподели своите импресии по убедливата победа.

„Имавме многу тешки дуели, знаевме што се случи на последните меѓусебни два натпревари, во Супер Купот и во Автокоманда, примивме многу голови, а сега направивме една поинаква тактика, знаевме што не чека, Митревски бранеше на високи ниво и тешко им беше да се игра во една ваква атмосфера. Против Фуксе Берлин ќе се обидеме да ја изиграме нашата игра, па што биде нека биде”, изјави Абутовиќ.

Следен предизвик за пелистерци ќе биде натпреварот со Фуксе Берлин во рамки од Лигата на шампионите.

Кузмановски: Покажавме ниво од Лига на шампионите

Ниту Д од дерби: Пелистерци ги торпедираа „сино-белите“!