Димитријески прозиваше, кадетките на собир пред првиот турнир од Регионалниот Куп

|
16:54
Share on Facebook

Женската кадетска репрезентација на Македонија денеска го имаше првиот собир во ЕХФ неделата.

Селекторот Славиша Димитријески смета на 18 ракометарки за претстојниот прв турнир од Регионалниот Куп во грчкиот град Верија.

Македонија е во групата Д, заедно со селекциите на Грција и Турција, а за ова новоформирано натпреварување повеќе детали прочитајте ТУКА.

Во петок по завршувањето на последниот тренинг, нашите кадетки ќе отпатуваат во Верија, Грција, каде што ќе ги одиграат двата меча.

В сабота е пресметката со Турција, додека в недела се игра средбата со домаќинот на првиот турнир, Грција.

Овие натпревари ќе бидат последна проверка за кадетките кои од 27 до 29 ноември ќе ги одиграат квалификациите за ЕП 2027 на турнирот во Скопје против Грција, Литванија и Косово.

Share on Facebook

Вардар го доби скопскиот дуел со Бутел и се искачи на врвот

Авор: Редакција
| 19 октомври 2026
13:37
Share on Facebook

Вардар го совлада Бутел со 38-30 во седмото коло од Супер машката лига. Со седмата победа од исто толку првенствени натпревари, „црвено-црните“ стигнаа до 14 бода и се искачија на првото место на табелата.

Средбата се играше денеска поради европските обврски на Бутел, а и Вардар исто така има меч од лигата на шампионите во среда против Нант во Франција.

Бутел го отвори резултатот, но тоа беше неговото единствено водство. По израмнувањето на 1-1, Вардар ја презеде контролата и во деветтата минута поведе со 8-3. Гостите намалија на 8-5, по што следуваше серија од три гола за 11-5. Домаќините ја одржуваа разликата, а на пауза заминаа со предност од 20-15.

Вардар силно го почна и второто полувреме. При резултат 21-16 постигна три гола во низа и побегна на 24-16, а во 34. минута имаше и 25-17. Бутел, сепак, најде начин да се врати во игра: во 40. минута намали на 26-22, најблиску што беше до ривалот во вториот дел.

Тоа беше важен период од натпреварот. Вардар не реализираше во следниот напад, но Бутел потоа загуби топка и не ја искористи наредната можност. Домаќините одговорија со два последователни гола за 28-22, по што повторно полесно ја контролираа предноста. Во 58. минута резултатот беше 34-29. Но, до крај Вардар направи серија од 4-1 со која стигна до конечен триумф од 38-30.

Во однос на стандардниот состав на Вардар сега ги немаше Јака Малус и Жоао Педро да Силва и Мохаб Абделхак играше против Охрид. Кај Бутел недостасуваа Дамјан Субашевски, Димитар Ѓоргиевски, Кристијан Стаменковиќ и Градимир Чаневски.

Матео Фадуил со 14 гола и Урош Митровиќ со 9 гола беа најпрецизни на средбата, а кај гостите Лука Јовиќ даде 7 гола.

▶▶▶ Приклучи се на VIBER – https://abit.ly/viber-24rakomet
Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ на твојот мобилен телефон
📲.
Со еден клик до сите вести.
🤾

 

 

Share on Facebook

Илинден броеше до 48 – трет прволигашки триумф

Авор: Душко Андов
| 18 октомври 2026
16:57
Share on Facebook

Ракометарите на Илинден ја запишаа третата прволигашка победа, откако на домашен терен беа подобри од Сокол Саса со 48-24.

Избраниците на Дарко Јанев на полувремето ја обезбедија победата кога беше 21-9, а во вториот постигнаа уште повеќе погодоци.

Никола Павловски постигна девет гола за победничкиот состав, а дури седуммина ракометари дадоа по пет погодоци за Илинден.

Во составот на Сокол Саса, Павле Стоиловски, беше најдобар стрелец и 11 пати ја затресе мрежата на Илинден.

На табелата, Илинден е на деветтата позиција со шест бодови, додека Сокол Саса е на последното место без ниту еден бод.

Share on Facebook

Радовиш лесно се справи со Текстилец, Петров „удри“ по своите

Авор: Душко Андов
| 17 октомври 2026
22:41
Share on Facebook

Ракометарите на Радовиш прославија триумф над Текстилец со 30-25 во натпревар од 6 коло во прволигашката конкуренција.

Иако се очекуваше поголем отпор од штипјани, сепак домаќините лесно стигнаа до двата бода на оваа пресметка, а во преден план беше левиот бек Васе Петров, кој постигна девет гола против „своите“ штипјани.

Покрај него, во нападот на радовишани се истакнаа Иванче Ончев со осум и Филип Костадинов со пет погодоци.

Домашните поведоа со 12-5, Текстилец за момент се врати на минус еден, 12-11, но на паузата Радовиш замина со предност од три гола, 15-12.

Во второто полувреме радовишани диктираа темпо и имаа резултатска контрола, па гостите немаа шанси за камбек во натпреварот.

Најдобри стрелци во штипскиот состав беа Лазар Стојанов, кој се врати во тимот по еден меч суспензија и даде осум гола, како и Јован Величков, кој стрелаше четири пати.

Share on Facebook

Десетка за Петровски, Овче Поле ги освои бодовите против Преспа

Авор: Душко Андов
| 18 октомври 2026
12:43
Share on Facebook

Ракометарите на Овче Поле прославија триумф над Преспа со 28-24 во 6 коло од прволигашката конкуренција.

Гостите од Ресен парираа одлично дваесетина минути, кога домашните во Свети Николе водеа со 7-6, но потоа имаше огромен пад во играта на Преспа.

Овче Поле даде седум гола за седум минути за 14-6 и практично го реши прашањето на победникот на овој меч.

Гостите ја преполовија високата негатива во вториот дел, но немаа сили за комплетен камбек и бодовите останаа во Свети Николе.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Филип Петровски со десет и Кристијан Стаменков со шест гола, а десет гола за Преспа постигна Благој Христовски.

Share on Facebook

Еурофарм Пелистер со 39 гола во Прилеп се искачи на врвот, Кузмановски го предводеше триумфот

Авор: Редакција
| 17 октомври 2026
20:03
Share on Facebook

Еурофарм Пелистер славеше на гостувањето кај Прилеп со 39-23 (20-14) во седмото коло од ракометната Суперлига. Домаќините имаа добар почеток и поведоа со 4-3, а потоа и со 6-5. По израмнувањето на 9-9, гостите првпат ја презедоа контролата и до полувремето изградија шест гола предност.

Важен период во првиот дел беше серијата со која Еурофарм Пелистер од 16-13 стигна до 20-13. Прилеп не реализира два седмерца во полувремето, а на паузата замина со негатива од 14-20.

На почетокот од продолжението домашниот тим намали на 17-23, но не успеа да го задржи приклучокот. При резултат 18-26 следуваа седум гола по ред за Пелистер, кој поведе со 33-18 и го реши прашањето на победникот. Битолчани во два наврата стигнаа и до највисоки 17 гола предност, пред последниот гол на Прилеп да го постави конечниот резултат. Второто полувреме гостите го добија со 19-9.

Филип Кузмановски беше најефикасен со девет гола, Садоу Нтанзи постигна пет, а Ненад Белистојаноски, Самоил Ристевски, Ник Хенингман и Петар Атанасијевиќ дадоа по четири. Кај Прилеп се истакна Димитар Димитриоски со пет погодоци.

Со новите два бода Пелистер има 13 и моментно се искачува на првото место, пред да се комплетира колото. Прилеп останува на осум бода и на петтото место. Во следното првенствено коло Пелистер ја пречекува Младост, а Прилеп игра дома со Вардар.

 

▶▶▶ Приклучи се на VIBER – https://abit.ly/viber-24rakomet
Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ на твојот мобилен телефон
📲.
Со еден клик до сите вести.
🤾

Share on Facebook