ТРАНСФЕР МАРКЕТ: ПСЖ продолжи со Шипжак и го донесе Силва, Каралек на радарот на Магдебург

|
12:59
Share on Facebook
  • Францускиот ПСЖ ја продолжи соработката со полскиот репрезентативец Камил Шипжак за уште една сезона. Кружниот напаѓач е еден од најдобрите стрелци во ПСЖ, а сега неговиот активен договор до следното лето го продолжи до 2028.
  • Капитенот на полскиот шампион Келце, Артем Каралек, од 2028 година би можел да ги засили редовите на бундес шампионот Магдебург. Тој многупати ги одбиваше понудите од Барса и други гиганти, но сега би можел да направи поинаков чекор.
  • ПСЖ во денот кога го продолжи договорот со Шипжак, објави за трансфер на уште еден кружен напаѓач. Станува збор за Бразилецот Еднеј Силва, кој настапува за Спортинг Лисабон, а со ПСЖ потпиша до 2029 година.
  • Магдебург во 2028 година би можел да остане без двајца кружни напаѓачи – Швеѓанецот Оскар Бергендал и Данецот Магнус Саугструп. Првиот се поврзува со камбек во ГОГ Гудме, вториот со потпис за Алборг.
Share on Facebook

🔴ВО ЖИВО🔴 Аеродром – Драчево Јуниор, Атлетик – Вардар, Шампион – Стружанка

Авор: Душко Андов
| 17 октомври 2026
14:00
Share on Facebook

Share on Facebook

По 15 години во европскиот врв, Кент Робин Тонесен се враќа дома!

Авор: Редакција
| 17 октомври 2026
10:45
Share on Facebook

По 15 години минати низ некои од најголемите европски клубови, Кент Робин Тонесен се враќа дома. Норвешкиот репрезентативец од летото 2027 година повторно ќе го носи дресот на Фјелхамер, клубот во кој започна неговата ракометна приказна.

Трансферот сега е и официјално потврден. Тонесен потпиша двегодишен договор како играч, а истовремено ќе добие и постојано работно место во клубот како координатор за маркетинг и спорт.

„Сите што ме познаваат знаат колку многу ми значи Фјелхамер. Да се вратам и да му дадам нешто назад на клубот многу ми значи“, изјави Тонесен за ТВ2.

За 35-годишниот леворак бек ова ќе биде затворање на еден огромен европски круг. Од Норвешка замина во 2012 година, а потоа настапуваше за Савехоф, Вецлар, Фуксе Берлин, Веспрем, ПИК Сегед, ПСЖ и Флензбург. Со Веспрем и Сегед освојуваше титули во Унгарија, а со ПСЖ стана шампион на Франција во 2024 и 2025 година.

Иако заминува од врвниот европски ракомет, Тонесен потенцира дека враќањето во Фјелхамер не го гледа како мирно пензионирање.

„Не се враќам за да успорам. Сакам да придонесам на теренот и да бидам важен играч за тимот“, порача Норвежанецот.

Во Фјелхамер очекуваат неговото влијание да биде многу поголемо од она што ќе го покаже на натпреварите. Клубот сака да го користи огромното искуство што го стекна во најсилните европски првенства и во Лигата на шампионите, особено во работата со младите ракометари. Тренерот Кристијан Близнак, кој во минатото беше и соиграч на Тонесен во Вецлар, смета дека неговото присуство ќе биде исклучително значајно за развојот на клубот.

Враќањето дома доаѓа и по еден многу тежок период за искусниот бек. За време на летниот одмор во Хрватска, Тонесен доби херпес зостер во пределот на лицето и окото. Состојбата беше толку сериозна што во еден момент постоеше и страв за неговиот вид, а самиот подоцна откри дека првите три недели биле исклучително тешки.

Во меѓувреме се врати на тренинзите и повторно почна да игра, а за ТВ2 порача дека сега состојбата е добра. Сето тоа дополнително влијаело на одлуката да се врати во Норвешка со семејството.

Тонесен зад себе има и богата репрезентативна кариера. За Норвешка одигра 148 натпревари и постигна 360 голови, а со националниот тим освои сребрен медал на Светското првенство во 2017 година. Последниот голем турнир на кој настапи беше Светското првенство во 2025 година.

▶▶▶  Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ на твојот мобилен телефон
Приклучи се на VIBER – https://abit.ly/viber-24rakomet . Со еден клик до сите вести.

Share on Facebook

Браќата Илиевски на нова европска задача

Авор: Душко Андов
| 16 октомври 2026
18:45
Share on Facebook

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од второто коло од ЕХФ Европскиот Куп.

Македонската двојка Методија и Михајло Илиевски добија делегирање и ќе ја делат правдата на натпревар во Полска.

Станува збор за првата пресметка меѓу полската Островија и турскиот состав Истанбул Генчлик што ќе се игра утре.

Мечот на кој делегат ќе биде Хашани од Косово, ќе стартува од 18:00 часот во „Арена Остров“ во Остров Виелкополски.

Share on Facebook

Илинден броеше до 48 – трет прволигашки триумф

Авор: Душко Андов
| 18 октомври 2026
16:57
Share on Facebook

Ракометарите на Илинден ја запишаа третата прволигашка победа, откако на домашен терен беа подобри од Сокол Саса со 48-24.

Избраниците на Дарко Јанев на полувремето ја обезбедија победата кога беше 21-9, а во вториот постигнаа уште повеќе погодоци.

Никола Павловски постигна девет гола за победничкиот состав, а дури седуммина ракометари дадоа по пет погодоци за Илинден.

Во составот на Сокол Саса, Павле Стоиловски, беше најдобар стрелец и 11 пати ја затресе мрежата на Илинден.

На табелата, Илинден е на деветтата позиција со шест бодови, додека Сокол Саса е на последното место без ниту еден бод.

Share on Facebook

Охрид и без „првиот тренер“ е пресилен за „витамините“

Авор: Редакција
| 18 октомври 2026
17:22
Share on Facebook

Борис Ројевиќ мирно можеше да го гледа мечот на Охрид на гостувањето во Автокоманда, иако тој не беше на клупата. Гладијаторите“ очекувано триумфираа, и тоа „двоцифрено“ против вториот тим од Автокоманда со 42-26

Поради вироза дома останаа тренерот Борис Ројевиќ, и Гоце Ојлески и Дарко Ѓукиќ. Поради повреда се уште во составот на Охриѓани не игра ниту Томислав Јагуриновски. Но, и со таков состав тие се многу посилни од повратникот во Супер лигата.

Со новите бодови Охрид се оддалечи од другите и останува дел од четворката на врвот, сега има 11 бода, два помалку од привремениот лидер Еурофарм Пелистер кој има 13, и Вардар кој има 12, но и меч помалку.

Гостите рано го презедоа резултатот, а клучна беше серијата од пет гола без одговор со која од 3-3 стигнаа до 8-3 во 11. минута. Тогаш се најави дека нема да има неизвесност на средбата.

Домашните го отворија мечот со водство од 2-1, но по израмнувањето на 3-3 Охрид ја зацврсти одбраната и брзо се одлепи. При 3-7 домашните не реализираа седмерец, а негативата потоа порасна на 3-8. Во 22. минута гостите водеа со 16-9, а во 27. минута и со 17-9. До паузата домашните постигнаа уште четири гола, но Охрид ја задржа предноста – 21-13 на полувреме.

И во продолжението охриѓани први ја зголемија разликата. Поведоа со 23-13, а во 34. минута првпат стигнаа до десет гола предност, 24-14. Домашните во овој период промашија контранапад и неколку изгледни шутеви, додека Дино Славиќ продолжи со одбраните. Во 38. минута сопре и седмерец на Горазд Дамчевски.

Во последните 10 минути од мечот гостите влегоа со предност од 35-20, и се беше решено, освен со колкава предност за Охрид ќе за врши средбата. Стигна Охрид по вторпат до највисоките „плус 16“, а потоа 2-3 пати не реализираше напади после кои домашните намалија на 38-25. На крај разликата пак беше „плус 16“, 42-26.

Доминик Мате со 8 гола, и Никола Лиапис со 6, и Давид Савревски и Никола Зечевиќ со 5 беа најефикасни кај госите, додека Дарјан Ѓокески, Христијан Гурмешевиќ и Стефан Ѓоргиевски со по 4 најпрецизни кај домапните.

Share on Facebook