Дукоска влегува во форма, Михаловце им се врати на победите

Тимот на Јувента Михаловце, каде што играат двете македонски интернационалки Теодора Дукоска и Сара Миновска, им се врати на победите во регионалната МОЛ лига.

Јувента Михаловце славеше на гостински терен кај Плзен со 31-28, а на паузата гостинките водеа со 17-14. За составот на Плзен не настапи голманката Андреа Илиќ.

Дукоска по повредата се враќа во форма и беше меѓу најдобрите стрелци со пет гола во противничката мрежа, додека Миновска погоди два пати.

Јувента Михаловце е на врвот на табелата во регионалната лига со словачки и чешки екипи со десет бодови.