Познати судиите – еве кои ќе судат на Супер Куп мечот меѓу Вардар и Охрид

Ракометната федерација на Македонија ги делегираше официјалните лица за Супер Куп натпреварот меѓу Вардар и Охрид.

Арбитражата на натпреварот меѓу шампионот и финалистот на Купот им е доверена на Исмаил Металари и Ненад Николовски.

Ова ќе биде трето соочување меѓу Вардар и Охрид во претсезоната, откако играа во финалните натпревари на турнирите во Струга и Охрид, и двапати беа подобри избраниците на Борис Ројевиќ.

Овој натпревар ќе се игра во салата „26 Април“ со почеток од 19:00 часот, а влезниците се во продажба ТУКА.