Во центарот на вниманието на македонската јавност оваа недела ќе биде Супер Куп натпреварот во машка конкуренција меѓу шампионот Вардар и финалистот на Купот, екипата на Охрид.
Охриѓани ги добија двете претсезонски пресметки со „црвено-црните“ во финалните двобои на турнирите во Струга и Охрид, но сега ќе стане збор за поинаков натпревар.
Левото крило на Охрид, Адама Кеита, знае што треба да направат тој и соиграчите за да запишат трет триумф по ред над Вардар.
„Во среда не очекува интензивен и тежок натпревар. Ќе мора да внимаваме да имаме што помалку грешки во 60 минути ако сакаме резултат во наша корист“, изјави Кеита.
Натпреварот меѓу Вардар и Охрид ќе се игра в среда во Гевгелија во салата „26 Април“ со почеток од 19:00 часот.

























