Во продажба билети за Супер Куп двобојот меѓу Вардар и Охрид

Ракометната федерација на Македонија ги пушти во продажба билетите за Супер Куп натпреварот меѓу Вардар и Охрид.

Тие се продаваат онлајн ТУКА и може да се набават по популарна цена од 300 денари за мечот што ќе се одигра во Гевгелија.

Вардар и Охрид ќе играат третпат во еден месец, откако двете екипи се сретнаа во финалните средби од турнирите во Струга и Охрид, а двапати славеа избраниците на Борис Ројевиќ.

Натпреварот за трофеј е закажан за 2 септември од 19:00 часот во салата „26 април“ во најјужниот град во Македонија.