Ракометната федерација на Македонија го потврди градот-домаќин на натпреварот од Супер Купот.
Првиот официјален натпревар од новата сезона меѓу екипите на Вардар и Охрид ќе се одигра во Гевгелија.
Ова е вторпат најјужниот град во Македонија да биде домаќин на натпреварот за трофејот во Супер Купот.
Натпреварот е закажан за 2 септември во салата „26 Април“ од 19:00 часот. Информациите за продажбата на билетите ќе бидат дополнително објавени.
























