Романтика покрај плажа на зајдисонце: Серафимов ја побара раката на Калајџиевска

Македоннскиот репрезентативец Мартин Серафимов не е повеќе ерген.

Тој ја побара за сопруга неговата долгогодишна девојка Јана Калајџиевска, поранешна ракометарка и доби потврден одговор.

Романтичното запросување се случи на една од грчките плажи, а двојката ја сподели радосната вест на социјалните мрежи.

Серафимов ова лето замина од Автокоманда по долго време и кариерата ќе ја продолжи во тимот на Еурофарм Пелистер.

Калајџиевска во кариерата покрај за матичната Стружанка, настапуваше за Металург и Ѓорче Петров, а беше дел од сите национални селекции.