Овче Поле го задржа капитенот Стаменков

Откако го промовираше првото засилување за наредната сезона, тимот на Овче Поле ја продолжи соработката со капитенот.

Кристијан Стаменков потпиша нов договор и ќе остане да го води клубот кон нови успеси во прволигашката конкуренција.

Претходно, тимот од Свети Николе објави дека е постигнат договор со еден од најдобрите прволигашки стрелци, Филип Петровски.

Минатата сезона Овче Поле ја освои десеттата позиција на табелата, а сезонава влегува со амбиции за место во горниот дел од табелата.