Прилепчанецот Христи Бикоски врти нова станица во спортската кариера и му кажа збогум на ракометот.
Тој во иднина ќе биде дел од фудбалскиот второлигаш Брера Струмица и ќе биде задолжен за физичката подготовка на фудбалерите. Оваа работа не му е комплетно нова на Бикоски, бидејќи веќе го работеше ова и во ракометниот клуб Прилеп.
Бикоски беше дел од школите на Филип Вардар и Макалоски Металург пред да се пресели во Скопје, каде беше дел од младинската екипа на Вардар, а потоа играше и за Вардар Јуниор и Јуниор Кисела Вода.
Следуваше камбек во родниот град, го облече дресот на Прилеп, а минатата сезона настапуваше за прволигашот Вардар Неготино и за израелскиот Макаби Димона, кој му беше последен клуб во ракометната кариера.
























