Салата Автокоманда ќе биде домаќин на завршниот турнир во машката пионерска лига, кој ќе се одржи на 16 мај.
Со денешната ждрепка во просториите на Ракометната федерација на Македонија беа одредени и полуфиналните двојки.
Бранителот на титулата од минатата сезона, екипата на Охрид ќе се сретне со Еурофарм Пелистер 2.
Во првиот полуфинален меч што ќе стартува на пладне ќе играат братските екипи од Автокоманда.
Ф4 пионери, 16 мај:
полуфинале:
12:00 Aлкалоид – Мулти Есенс
14:00 Охрид – Еурофарм Пелистер 2
17:30 меч за трето место
19:30 финале
























