📷 Победа како надеж за крај!

Mашката репрезентација на Македонија го заврши настапот на Европското првенство на 14 позиција. Пораз од Данска, реми со Португалија и победа над Романија, беа доволни за подобар пласман за три позиции од минатото ЕП. На последниот натпревар против Романците, нашите ракометари славеа со 24-23, со голот на Ненад Костески во последната секунда. Оваа победа освен што ни донесе 14 место на ЕП, ни донесе и само еден бараж за СП 2027 и место кај носителите пред ждрепката.