Како и секоја година, така и кон крајот на оваа, Мостар ќе биде домаќин на спектакуларен ревијален натпревар.
Сите ракометни ѕвезди кои потекнуваат од овој град ќе ги одмерат силите со актуелниот состав на Зрињски Мостар.
Ол-стар екипата ќе ја предводат Игор Карачиќ и Марино Мариќ, а ќе имаат на располагање ѕвездена екипа.
На паркетот ќе се појават Стипе Мандалиниќ, Иван Карачиќ, Марин Шего, Никола Прце…како и многу други.
Карачиќ во моментов се рехабилитира од повреда и не игра во Загреб, па ќе може да се проба и во друга улога.
Натпреварот се игра вечерва со почеток од 20:30 часот.

























