- Португалскиот среден бек Мигел Мартинс очигледно не се снајде најдобро во Динамо Букурешт и се чини дека е подготвен за нов предизвик во кариерата. Германските медиуми го „селат“ Мартинс во бундеслигашот Лајпциг.
- Десното крило Доротја Фалувеги е новото десно крило на романскиот ЧСМ Букурешт. Унгарската интернационалка е без клуб по распадот на германскиот Лудвигсбург, а на лето екс членката на Ференцварош и Ѓер се сели во Романија.
- Романскиот Рапид Букурешт, каде што настапува македонската репрезентативка Сара Ристовска, ја ангажираше Австријката Клара Шлегел, десен бек од германскиот Мецинген што одигра одлично на СП 2025.
- Унгарскиот Дебрецин објави за потписот со полската репрезентативка Моника Кобилинска, која по само една сезона заминува од романската Глорија Бистрица. Кобилинска потпиша до 2027 година.
- Бундеслигашот Гумерсбах објави дека е потпишан нов договор со исландскиот репрезентативец Елиди Видарсон, па кружниот напаѓач ќе остане во тимот предводен од Гудјон Валур Сигурдсон најмалку до 2029 година.

























