Селекторот на машката репрезентација на Хрватска, Дагур Сигурдсон, повика нов ракометар за пријателската средба со Македонија.
Од комбинација за настап отпадна десниот бек од Кадетен Шафхаузен, Патрик Мартиновиќ, па Сигурдсон го повика Петар Крупиќ од Нексе.
Хрватите денеска ги започнаа подготовките за ЕП и заминаа за Пореч, а таму ќе одработуваат заеднички тренинзи со нашата селекција и еден меч на 28 декември.
Сигурдсон за овој меч со Македонија ќе смета главно на ракометарите од домашното првенство, ги нема Мартиновиќ, Циндриќ, Кузмановиќ, Мандиќ, Мараш, Кларица…
Потоа на 8 и 11 јануари, Хрватска ќе игра пријателски средби со Германија во Загреб и Хановер, пред патот за Малме, каде ќе ги игра натпреварите од ЕП во група со Шведска, Холандија и Грузија.
Сигурдсон повика 19 ракометари – меѓу нив и еден од Македонија за дуелот со Македонија


























