Раул ги „крие“ Србите

Машката репрезентација на Србија од вчера ги започна подготовките за настапот на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.

Избраниците на Раул Гонзалез ќе се подготвуваат во Стара Пазова со 21 ракометар, а 18 беа присутни на првиот тренинг. Триото од Бундес лигата – Милосављев, Марсениќ и Кос, ќе се приклучи по Нова Година.

Интересен факт е што Србија ќе одигра два пријателски меча со Полска, која е предводена од некогашниот соработник на Раул – Хота Гонзалез, но и двата меча ќе бидат од затворен тип и без публика.

Очигледна е намерата на двајцата Шпанци, кои имаат шаренолики ростери и нови ракометари, да ги сокријат своите адути пред ЕП.

Србија ќе биде дел од групата А со Германија, Австрија и Шпанија, а Раул Гонзалез ќе има две средби против свои сонародници – Рибера на шпанската клупа и Ромеро на австриската клупа.