Пред две сезони, ракометарките на Железничар Инџија беа шампионки на Србија, првпат во историјата на клубот.
Две и пол години подоцна, клубот не знае дали ќе ја преживее зимата, а егзодусот на играчи што започна летото продолжува и во зимската пауза. Огромните финансиски проблеми, должењето плати…се најголемиот проблем за тимот од Инџија.
Летоска заминаа голманката Васиљковиќ (Рума), Чинку (Мец), Коциќ (Рума), Табак (Локомотива Загреб)…а сега замина и творецот на успехот, тренерот Влада Шимичиќ, кој си оди по осум и пол години во клубот.
Покрај него заминуваат и оние ракометарки што играа најмногу есенва – Оташевиќ во Бор, Четковиќ во Наиса Ниш, Обреновиќ во Рума…Пари нема, а нема ниту решение на повидок, а тоа води само кон едно…


























