- Данскиот пивот Рене Антонсен, на крајот на оваа сезона заминува од шампионот Алборг и ќе се пресели во францускиот Нант, со кој се договори на соработка до 2029 година.
- Алборг веднаш реагираше на трансфер пазарот и најде замена за Антонсен во големиот ривал ГОГ Гудме, од каде што ќе дојде Антон Линдског, кој потпиша договор на една сезона.
- Црногорскиот првак Будуќност се раздели со две интернационалки – бекот од Бугарија, Мари Пламенова Томова и крилото од Полска, Дагмара Ноцун. Томова се сели во унгарскиот Мошонмаѓаровар, а Ноцун се враќа во татковината.
- Десното крило на Магдебург, Даниел Петерсон, ја продолжи соработката на уште една сезона со европскиот првак и шведскиот репрезентативец ќе остане најмалку до 2027 година.


























