Иако се споменуваше норвешкиот голман Торнбјорн Бергеруд како наследник на Дејан Милосављев во Фуксе Берлин, сепак се чини дека од тоа нема ништо.
Според германскиот „Билд“ ново име во комбинација за трансфер во германскиот првак е шведскиот репрезентативен голман Андреас Паличка.
Тој во моментов е член на норвешкиот Колстад, но таму се зголемуваат финансиските проблеми, па Паличка сака да си замине.
Ако се реализира трансферот на Паличка во Фуксе Берлин, тој е формира дуо со Ласе Лудвиг, а тоа би било камбек за него во Германија, каде своевремено бранеше во Кил.


























