Македонскиот интернационалец Горан Крстевски игра во одлична форма во израелскиот шампионат.
Неговиот тим Нес Зиона загуби на гостински терен кај Хапоел Холон со 39-36, а на полувремето имаше минимална негатива, 18-17.
Македонскиот среден бек беше најдобар стрелец во Нес Зиона и успеа да постигне девет гола во противничката мрежа.
Нес Зиона и Крстевски одат на пауза со седум бода на деветтото место на табелата, а следен предизвик ќе им биде дуелот со Реховот на 16 јануари.

























