Селекторот на машката репрезентација на Франција, Гијом Жил, го објави скратениот список на ракометари пред стартот на Европското првенство, на кое Французите ќе го бранат златото од претходниот континентален собир.
Жил ќе смета на 21 ракометар на тренинзите што ќе почнат на 1 јануари, а Франција на 9 и 11 јануари ќе одигра две пријателски средби со Австрија, односно победникот или поразениот од дуелот меѓу Исланд и Словенија.
Иако се неизвесни за настап десните крила Беноа Конку и Јанис Лен, сепак тие се на списокот, но Жил за секој случај повика трета опција.
На голманската позиција предност ќе имаат Болзанже и Дебоне, а најмоќно делува десната бековска позиција со Мем, Ричардсон и Бос, а тука е и Ремили кој ќе дејствува како среден бек.
Во споредба со тимот што стигна до злато во Германија во 2024 година ги нема браќата Карабатиќ, потоа Кентан Мае…
Франција е во група со Норвешка, Чешка и Украина во Осло.



























