Тимот на Сомбатељ, каде што игра македонската репрезентативка Ивана Џатевска, беше елиминиран во четвртфиналето на Купот на Унгарија.
И покрај одличната напаѓачка партија на Џатевска, нејзиниот тим загуби на гостувањето кај МТК Будимпешта со 38-26.
Македонскиот кружен напаѓач беше стрелец на седум голови во противничката мрежа, најмногу кај Сомбатељ.
Во есенскиот дел од сезоната во Сомбатељ играше и десниот бек на македонската репрезентација, Јована Кипријановска, но таа напролет ќе има нов предизвик.
























