Машката репрезентација на Македонија ќе биде комплетна на почетокот на 2026 година, кога ќе се приклучи Мартин Томовски.
Голманот на германскиот Битигхајм, кој брани во одлична форма оваа полусезона има натпревар во Втората Бундес лига на 27 декември, па ќе се приклучи на тренинзите на 2 јануари.
Лазаров ќе очекува 20 ракометари на денешниот собир од 13:30 часот, а по подготовките во Пореч, каде ќе биде одигран пријателски натпревар со Хрватска на 28 декември, македонската експедиција се враќа дома.
По паузата за Нова година, на 2 јануари е новиот собир, а на 7 јануари се заминува за Швајцарија, каде во градот Винтертур, ќе бидат одиграни уште три пријателски средби со Бахреин, Украина и Швајцарија.
Оттаму на 11 јануари, нашата експедиција ќе замине за Данска, можеби таму ќе одигра уште една средба, а настапот на ЕП го започнува на 16 јануари против домаќинот. Во групата се уште Португалија и Романија.

























