Вардарец ќе игра на првенството на Средна и Јужна Америка

Средниот бек на Вардар, Николас Боно, доби репрезентативен повик и ќе настапи за Аргентина на претстојното првенство на Средна и Јужна Америка.

Селекторот Родолфо Јунг повика 25 ракометари, од кои 22 се интернационалци и тројца од домашното првенство.

Меѓу интернационалците се наоѓа и средниот бек Николас Боно, кој ја одработува првата полусезона во редовите на Вардар.

Првенството на Средна и Јужна Америка ќе се одржи во Парагвај од 19 до 24 јануари, а полуфиналистите ќе обезбедат место на Мундијалот во Германија во 2027 година.