Машката репрезентација на Македонија денеска ќе го има првиот собир и стартот на подготовките пред настапот на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.
Селекторот Кирил Лазаров стави на списокот 21 ракометар, кои ќе ја минат првата фаза од подготовките што ќе заврши со пријателски натпревар во Пореч против Хрватска.
По Нова Година, репрезентацијата кратко ќе тренира во Скопје и откако ќе бидат дефинирани патниците за Хернинг, македонската експедиција ќе замине во швајцарскиот град Винтертур.
Таму Македонија ќе игра против Швајцарија, Бахреин и Украина, на турнир од 8 до 10 јануари, а потоа ракометарите ќе патуваат во Данска.
Можеби ќе биде одигран и уште еден пријателски натпревар пред стартот на континенталниот собир на 16 јануари и дуелот со Данска. На 18 јануари е мечот со Португалија, а на 20 јануари средбата со Романија.

























