Словенечкиот интернационалец Јан Тајник, по само една полусезона си заминува од Македонија и се враќа од татковината.
Како што објави 24Ракомет, кружнито напаѓач Тајник не е повеќе член на кавадаречкиот тим, а „Handballia“ го откри името на неговата нова средина.
Станува збор за последнопласираниот тим во словевенчкиот шампионат, Радовљица, кој освои само четири бода досега по 16 одиграни натпревари.
Тајник претходно беше дел од словенечките Горење, Добова, Словењ Градец, а покрај во Тиквеш, беше дел и од францускиот Дижон, австрискиот Линц и Диферданж во Луксембург.
























