Охрид ќе игра на силен турнир во Белград

Амбициозниот Охрид веќе го направи планот на подготовки за пролетниот дел од сезоната, во која ќе се обиде да постигне историски резултати.

Охриѓани ќе минат дел од зимските подготовки во Србија, а ќе бидат дел и од силен подготвителен турнир „Вук Рогановиќ“.

Избраниците на Борис Ројевиќ ќе тренираат од 8 до 16 јануари во Врбас, а потоа на 17 и 18 ќе играат на турнирот со двете српски екипи – Партизан и Динамо Панчево, како и словенечкиот Тримо Требње.

Охриѓани во полуфиналето ќе играат со Динамо Панчево, додека во второто полуфинале ќе се сретнат домаќинот Партизан и словенечкиот тим.

Охрид го очекуваат пеколни февруари и март, во кој ќе игра натпревари од регуларниот дел од Супер лигата, плеј-офот, Купот на Македонија и ЕХФ Европскиот Куп.